Димитров: Дали ЕУ ќе ги одржи ветувањата?

by fokus 18:27
18:27

Огромното мнозинство на земјите-членки на ЕУ поддржува одржување меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија. Јас исто така сметам дека ова е официјална позиција на Европската комисија. Тоа е и целта на која работиме.

Ова е изјава на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за Еуроњуз, што на Твитер ја објави новинарот Џек Паррок.

- Advertisements -

Во врска со можното сценарио споменато од еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји за одвојување на Албанија и Северна Македонија, Димитров изјави дека нашата држава ги исполни сите услови поставени согласно европските вредности што постојано беше потврдувано и од самата Комисија.

– Како земја што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација пред 20 години, прва која тоа го направи во регионот, како земја кандидат веќе 16 години, како земја која изминатите години покажа значителен прогрес во реформите и лидерство во решавањето на спорот со името, случајот со Северна Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ во Западен Балкан. Дали ЕУ ќе ги одржи ветувањата?, изјави Димитров, објави на твитер новинарот Паррок.

Поврзани новости