Јовески разговараше со обвинителските службеници за висината на платите

by fokus 19:06
19:06

Висината на платите и додатоците за јавно обвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и за признавање на стекнатото образование, пополнување на испразнетите работни места, како и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници беа теми на денешната средба помеѓу Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РСМ.

Како што стои во соопштението, јавниот обвинител, Љубомир Јовески ги истакнал заложбата на обвинителството во рамки на Буџетот на обвинителството да се создадат услови за подобрување на состојбата на јавнообвинителските службеници, како и  редовната комуникација со Министерството за правда каде се бара носење нови законски решенија со кои уште повеќе би се подобриле и зголемиле правата на вработените.

- Advertisements -

Поврзани новости