Врз основа на што Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека енергетскиот пијалокот е безбеден кога во случајот со труењето не прикажа резултати од лабораториски испитувања со кој ќе го докаже тоа пред јавноста, прашува дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Зошто АХВ како надлежна институција за безбедност на храната, во која спаѓаат и пијалоците, нема донесено правен акт, кој треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка. Безбедноста на храната и пијалоците се законска обврска на АХВ, а не на пазарната инспекција. АХВ и директорот Поповски на прашањата што се од витален интерес и кои директно ги засегаат граѓаните молчат и се кријат зад небулозните реакции“, се вели во соопштението.
Николовски вели дека веќе алармирале дека во Македонија се продаваат пијалоци што не се дефиниран во ниеден правилник.
„Дури и стручното мислење на Институтот за јавно здравје, алармира за пијалок што претставува закана за јавното здравје. Институт кој е член Националниот совет за безбедност на храната, кој пак е управуван од директорот на АХВ, Зоран Поповски“, вели Николовски.