Заев: Ќе ја гасифицираме Македонија, исто како Струмица

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Струмица им вети на граѓаните дека по 11 декември, освен во неговиот роден град, гасни станици ќе има уште во 32 града во Македонија.

-Оваа гасна станица зад мене им го поевтини и олесни животот и работењето на граѓаните, институциите и фирмите во Струмица. До денес, само Струмица и Куманово го користат гасот, кој е евтин и еколошки енергенс. Ние Македонија ќе ја поврземе со ТАП, еден од познатите европски гасоводни системи и со преносните системи на соседните земји и ќе им помогнеме на домаќинствата, станбените згради, индустриските објекти и оранжерии да инсталираат системи за гас, рече Заев.

Тој додаде дека неговото ветување е изводливо и реално.

-Еве го доказот, оваа гасна станица е доказот. А, еве еден пример што донесе гасификацијата во Струмица. Пред да го воведеме гасот во Струмица, училиштата плаќаа 24 милиони денари, годишно за греење, а денес трошоците за греење во училиштата се помалку од 10 милиони денари. Секое училиште заштедува по 60 проценти од парите што ги добива, заштедените пари се искористени за нови прозорци, врати, ефикасни фасади кој топлат, за нови табли, квалитетни столчиња, маси за седење, нови кабинети за практична настава на учениците, и многу други работи. Овој бенефит што го имаат децата во Струмица и Куманово ќе го имаат децата во цела Македонија, истакна Заев.

gas1

Лидерот на СДСМ додаде дека ако како граѓани користите гас сметките се за 20 до 30 проценти пониски, па така ќе ви останат повеќе пари во семејниот буџет. А, ако како фирми користите гас наместо нафта и дрва, според Заев, заштедите од сметките се во милиони денари.

-Ова е еден од начините како ќе ги враќаме парите кон граѓаните и како ќе обезбедиме градови со чист воздух и добро здравје на граѓаните. Гасот е најупотреблив енергенс во целиот свет и по декември, и Македонија ќе ја поврземе со светот. Обезбедуваме живот за граѓаните на Република Македонија, истакна Заев.

gas2

Поврзани новости