519
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Македонија денес е во иста ситуација како во 2008 година кога Грција стави вето.
-Ние сме во иста ситуација како и во 2008 година. Разликата е во тоа што генералниот секратар прави позитивна атмосфера со своите изјави, можеби да ги насочи граѓаните како да размислуваат за договорот со Грција. Решете го името за да влезете во НАТО. Ќе видиме дали и како ќе помине договорот. Столтенберг кажа дека без решение за името нема да има членство во НАТО, рече Николовски.