Јункер: Треба да ја исклучиме драмата од односите меѓу ЕУ и САД

by fokus

Односите помеѓу Европска унија и САД би можеле да бидат помалку драматични, изјави денеска претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер.

Неговата изјава е коментар на обидите на Вашингтон да постигне билатерални договори со земјите членки на ЕУ, а не со Унијата.

Јункер најави дека следниот месец ќе претстојува во Вашингтон, каде ќе го изложи ставот на ЕУ за трговијата. Тој додаде дека е загрижен од обидите на САД да ја поделат Унијата.

– Треба да ја исклучиме драмата од нашите односи, посочи Јункер.

Поврзани новости