Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната пресконференција обелодени дека фирмата „Трансмет“ на бизнисменот и сопственик на новата телевизија ТВ Нова, Сеад Кочан, добила 700 илјади евра за чистење канали.
-Еден од нив, новопечен газда на телевизија е токму Сеад Кочан. Неговата ТВ НОВА пред некој ден почна да зрачи, а според тоа колку во неа „инвестирал“ Груевски очигледно дека владината пропаганда доби засилување. Уште еднаш се потврдува дека медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки се платени со пари на граѓаните. Сеад Кочан кој е сопственик и на Трансмет и на ТВ „Нова“ гледаме дека само во една година добил близу 700.000 евра буџетски пари, рече Николовски.
Тој додаде дека пари за чистење на канали добиле и фирмите на Љубисав Иванов- Ѕинго.