Вработените во Југохром бараат да продолжат со работа

by Фокус 18:36
18:36

Вработените во комбинатот Југохром во тетовско Јегуновце денеска излегоа на мирен протест со барање да се вратат на работа од први март годинава.

Според вработените, Министерството за животна средина треба да ги најде вистинските загадувачи, а менаџментот во најкус рок да ги постави филтрите и „Југохром“ да добие интегрирана А-дозвола. Тие не сметаат дека Југохром е најголем загадувач на Тетово, бидејќи и по неговото престанување со работа, воздухот во Тетово е екстремно загаден.

- Advertisements -

Од комбинатот најавија дека во февруари ќе започне поставувањето на филтри, а од март печките на Југохтом ќе се рестартираат.

Поврзани новости