Расправата за новиот универзитет ќе завршеше со тепачка

by Фокус

Денешната седница на собраниската Комисија за наука, образование и спорт, на која се расправаше за основањето на новиот универзитет „Даме Груев“ за малку ќе завршеше со тепачка. До тоа дојде кога претседателката на Комисијата сакаше да го стави на гласање предлогот за временско ограничување  на дискусиите, на што СДСМ бурно реагираше.

Според Горан Сугаревски од СДСМ, ваквиот предлог за временско ограничување на дискустиите е спротивен на деловникот и законот. Неговата партија поднесе 984 амандмани на законот за основање на универзитетот „Дамјан Груев“.

Според СДСМ, власта формира нови универзитети за „вдомување на партиски војници“ кои треба да бидат наградени за „плукање против опозицијата“.

 

Поврзани новости