Николовски се соочи со Заев на суд, почна судењето за клевета за „Рекет“

by fokus

Денеска во Граѓанскиот суд почна судењето по тужбата на премиерот Зоран Заев за потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за клевета за изјавата на Николовски дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“.

На првото рочиште Николовски како доказ ја прикажал снимката на осудениот на 9 години затвор за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во која тој изјавува дека „парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“.

„Процесот си е во истрага и ќе се открие кој е виновен. Денеска сме на судење бидејќи Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Заев е организатор на рекет. Кој како врв на СДСМ рекетирал многу бизнисмени не еден него повеќе за вредност од 20 милиони евра, без докази. Јас тврдам дека овој процес е масло на ВМРО-ДПМНЕ и без наоди и доказа барам кривична одговорност. Очекувам судот да потврди дека се работи за клевета“, изјави премиерот Зоран Заев по денешното рочиште.

Николовски изјави дека ќе го добие случајот.

„Можеби најинтересното за јавноста, а тоа е распитот на странки, каде што треба јас да го распитам Зоран Заев и неговиот адвокат да ме распита мене, ќе се случи на шести април оваа година“, рече Николовски, кој апелираше да престанат тужењата меѓу политичарите и им се извини на новинарите и на јавноста „за малтретирање со вакви случаи“.

Поврзани новости