Заев за кандидатурата на Боки 13: Ова е сатира, жалам што наседнале луѓе на неговиот карактер

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска ја искоментира објавата за тоа дека Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март.

-Прво треба да се направи ревиденција за да биде член, потоа да има најмалку 5 години членство во СДСМ и може да се собере членство на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе застане зад Јовановски и автоматски да направат пресврт во власта што ја најавуваат. Секако ова е една сатира, денеска е петок да не заборавиме дека е крај на работната недела, доаѓа викенд. Бојан Јовановски е таков каков што е го знаеме сите во државата. Жалам што наседнале луѓе на неговиот карактер, изјави Заев.

Поврзани новости