Николовски: Реализацијата на Планот за борба против корупцијата е во напредна фаза

by fokus

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска на редовна координација со седумте надлежни институции за борба со корупцијата го презентираше степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција, како и идните активности што надлежните институции треба да ги преземат според задолженијата од Планот.

– Беше констатирано дека реализацијата на Планот за борба против корупцијата е во напредна фаза, но и дека е потребно дополнување со нови мерки во делот на борбата против корупцијата, соопшти Кабинетот на Николовски по работниот состанок  на кој присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, директорот на Царинската управа Горан Сугарески, директорот на Управата за финасиско разузнавање Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска и преставници од Министерството за правда.

Како што се наведува во соопштенито, вицепремиерот Николовски посочи дека во однос на дигитализацијата на процесите, сите институции надлежни за борба против корупцијата, веќе се поврзани на платформата за Интероперабилност и започнуваат со размена на информации и податоци преку оваа платформа. Во следната фаза, овие институции ќе бидат поврзани со Централниот регистар на население, со цел брзи и ефикасни постапки.

Поврзани новости