Николовски: Нечесно е да се кориси името на партијата, ќе преземеме правни механизми за заштита на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце рече дека нема назад за пратениците кои беа исклучени од партијата по гласањето за отворање на Уставот.

-Нека им е со среќа. Со нас соработка нема да имаат сигурно. Еднаш кога ќе се затвори вратата не се отвора, особено за ваква работа – потенцира тој, одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со новата пратеничка група.

Тој обвини дека е нечесно тие да го користат името на партијата нарекувајќи се „Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија“ и најави дека ќе ги искористат сите правни механизми за заштита на името на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски вчера најави формирање на „Македонска платформа“, за, како што рече, обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи и невладини организации против Договорот со Грција.

Поврзани новости