Николовски: Не грижете се, храна ќе има

by fokus

Мора да се снабдиме со храна зашто доаѓа тешка зима. Отсега натаму не може да има забрани за извоз на земјоделски производи меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во врска со бенефитите од Договорот за обезбеденост со храна што денеска беше потпишан од трите земји  во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

За Дневникот на ТВ Сител тој појасни дека Договорот значи користење на капацитетите на државите од иницијативата „Отворен Балкан“ и дека во услови на криза тој е гаранција дека ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.

– Тоа што ние го немаме, имаме гаранција дека ќе го обезбедат Србија и Албанија, тоа што тие го немаат, ќе го обезбедиме ние. Со Договорот гарантираме дека ќе обезбедиме доволно стратешки култури, доволни пченица, пченка, јачмен, млеко, месо, ориз, зејтин, сѐ што е стратешко во една ваква криза да има за сите луѓе. И ќе има доволно храна, ќе има доволно производи и граѓаните на овие три земји не треба да се грижат, рече Николовски.

Поврзани новости