Николовски: Не гледам потреба за широка колиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од ДУИ покажаа непотребна ароганција

by fokus

Не гледам потреба за широка коалиција, посебно не кога имаме јасен победник на изборите со повеќе опции и варијанти за составувањето на новата влада вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Локално.

-ВМРО-ДПМНЕ најпрво треба да обезбеди демократија за своите трудољубиви членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја, најважно е прво да се реформира внатрешно, да согледа зошто губи на три изборни циклуси по ред, да расчисти целосно и недвосмислено со штетните политики на Никола Груевски и неговото наследство.

Ќе зборуваме со сите политички чинители кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред се. Мораме да ги обезбедиме тие работи за нашите граѓани!, вели Николовски.

Во однос на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека тие одлучуваат која македонска партија ќе влезе во владата на ДУИ, генералниот секретар на СДСМ смета дека ова било „непотребна ароганција“, која низ годините стотици пати се покажала како штетна по националните интереси.

-Парламентарниот систем во Република Северна Македонија е јасен. Мандатот за формирање влада го добива партијата којашто ќе освои најмногу пратеници.

Првопласираната партија добива мандат да составува влада, а не третопласираната партија.

Ова беше непотребна ароганција која низ годините стотици пати се покажала како штетна по националните интереси. ДУИ има 15 пратеници и ние тоа го почитуваме, но од такви изјави немаше потреба.

Сепак, веќе гледам дека колегите од ДУИ ретерираат од првичните коментари, вели Николовски во интервјуто за „Локално.

Тој потенцира дека нема втора или трета опција, односно дека на премиерската позиција ќе седне Зоран Заев.

Поврзани новости