Боки 13: Бизнисмените Мицевски и Амзоски ниту се мали деца, ниту деловно неспособни, за да бидат измамени

by fokus

Во својот воведен говор, Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, истакна дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни, всушност биле реални, со договори потпишани донесени на собрание на невладината Меѓународен сојуз и проекти прераснати во платфирми.

-Парите кои се уплаќани кај Љиљана Тодоровска и Јасна Мандиќ се за авторските права за идејното решение за што се е легално и имаат платено данок. Поддршка имав и од Мила Царовска тогашната министерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев, рече Јовановски.

Тој истакна дека невладината функционирала како министерство за социјала.

-Згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле буџет на македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на 1тв се легални, рече Јовановски.

Тој тврди дека нема никаква измама и постојат правни акти, потпишани преддоговори и договори и со двете фирми на бизнисмените.

-Кога ќе ги пролистате договорите ќе видите дека не постои никаде дека Бојан напишал во договорот еве јас се обврзувам да ви обезбедам градежно земјиште”, рече Боки 13.

Со бизнисмените, нагласи, имал коректен однос до самиот крај кој не би бил таков ако навистина станува збор за измама.

-Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски ниту се мали деца, ниту деловни неспособни за да бидат измамени. Дека не постои измама говори и фактот на мојот коректен однос. На 15.7.2019, дента кога бев уапсен кога тргнав на одмор, разговорав со Мицевски. Ми рече – Бојанче нека ти е среќен пат на одмор, ќе се видиме кога ќе се вратиш. Замислете со човек што си го измамил да ти посакува убаво да си поминеш на одмор, рече Јовановски.

Тој зборуваше и за пензионерката Лилјана Тодоровска, која е автор на проектот и на која од Мицевски и биле исплатени околу 720 000 евра, а за кои обвинителството тврди дека на крајот завршиле кај Боки.

-Обвинителството ќе каже дека парите завршиле во мојот дом и дека имало некаква фотографија. Но, има и други слики и затоа барам да се извештачи во целост мојот телефон, рече Јоваовски.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Поврзани новости