Николовски најави следење на работата на градоначалниците преку веб-апликација

by Фокус

Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, најавува системско решение преку кое, како што вели тој, ќе се следи реализацијата на програмите на градоначалниците и на нивните ветувања пред граѓаните.

-Ќе ја следиме секоја една мерка, секоја политика и секој проект за текот на неговата реализација преку една веб-апликација на СДСМ, но тоа ќе го работиме со партиско –владината координација, односно реализацијата на програмата Планот за Живот и она што е наше ветување пред граѓаните. Тоа ќе го правиме на еден системски поставен начин, ќе бидеме силна контрола и ќе имаме синхронизирано и унифицирано делување на сите наши кадровски потенцијали. Ќе направиме ревидирање и ќе се отвориме кон јавноста и кон капацитетите коишто сакаат да се вградат во креирањето на политиките и во следната победа – рече Николовски по синоќешната седница на партискиот Централен комитет, на кој беше избран нов Извршен комитет на партијата.

Тој додаде дека, меѓу другото, партијата ќе го ажурира месечниот календар на активности што, според него, подразбира секојдневно кои се обврските на министрите, градоначалниците, претседателите на советите, членовите на советничките групи и сите други функционери.

Поврзани новости