558
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, мисли дека неговиот поранешен лидер Никола Груевски е во Скопје, но одби да одговори зошто не присуствуваше на денешното изрекување на пресудата во случајот „Тенк“.
-Мислам дека имаше одговор од одбраната, ова прашање ве упатувам да и го поставите на одбраната. Јас не сум одбрана и не сум адвокат да ви одговарам на прашањето,. Мислам дека е во Скопје, немам познавање за да можам да ви објаснам во стручниот дел – рече Николовски по инсистирање на новинарите за одговор откако Николовски одржа говор во одбрана на Груевски и критикувајќи ја пресудата.