ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата има за цел да го засени Груевски, симболот за зачувување на националниот интерес

by fokus

Меѓу власта на Заев и судот постои непринципиелен брак. Бенефициите на овој брак се во корист на Заев но тоа многу брзо ќе се смени и ќе се сврти на негова штета. Тоа оди право пропорционално со добивањето и губењето на власта, така функционира клинетелистичкото судство, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, по изрекување на пресудата во „Тенк“.

Според него, судот не го интерсираат факти, докази и аргументи, туку само реализација ан политичките нарачки.

-Во време кога власта прифаќа секакви отстапки, масовен грабеж, кога осиромашува, судот ја прифати улогата да биде извршител на наредби. Пораката која Заев и судот ја испраќаат е јасна, не е важно дали има било каква основа или доказ. На овој предмет се смејат сите правници. Штета нема, мерцедесот и сега се вози, Груевски не си го земал дома. Пресудата има за цел Никола Груевски, симбол за зачувување на националниот интерес, привлекување на инвестиции, реформи, зголемување на платите и пензиите, социјалната помош, градби да се засени и биде политички дисквалификуван. Македонската јавност се убеди дека во Македонија се водат чисто монтирани политички процеси – рече Николовски.

После денешната пресуда, додаде тој, останува горчилив вкус дека правдата не постои и е само политички инструмент. За сите незаконски дејствија, порача Николовски, ќе следува ревизија.

-Судството во Република Македонија е најслабиот елемнт и насјлабата алатка. Тоа е така од основањето на оваа држава. Тој непринципиелен неформален брак со власт постои и тоа ја разјадува државата. Затоа реков сега е во корист на Заев, но ќе се сврти против него. Наша позиција како ВМРО-ДПМНЕ е дека во судството се потребни итни реформи и спроведувањена препораките на Прибе  – додаде тој.

Според Николовски за оваа состојба во судството одговорност имаат сите кои ја воделе државата, но најголема СДСМ и Заев затоа што тие ветија, рече, дека ќе го реформираат.

Поврзани новости