Николовски: Лидерска средба со криминалци не планираме

by fokus

Блокадата на Собранието мора да прекине затоа што штетно се одразува на секој граѓанин. Имаме и план и стратегија и во даден момент ќе го реализираме за доброто на Македонија. Овие 67 пратеници ќе ја одблокираат работата на Собранието и нема да дозволиме никаков терор и никој да не спречи токму ова демократско мнозинство да избере нова влада, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.

– Тоа нема да биде преку медиумите туку операционализирано во Собранието. Денешното напуштање на собраниската сала значи дека се откажуваме од репликите, но строго ќе го критикуваме претседавачот Трајко Вељаноски за прекршувањето на Деловникот, рече Николовски.

На прашањето, дали СДСМ би прифатил лидерска средба, тој рече:

– Лидерска средба со криминалци не планираме. Ниту ќе се договараме, нити ќе преговараме со нив, истакна Николовски.

Поврзани новости