Николовски: Јас и Заев се откажавме од средствата за патни трошоци

by Fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци.

Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на #СДСМ и наша програмска определба.За да дадеме…

Publiée par Ljupcho Nikolovski sur Mercredi 12 août 2020

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на неговиот профил.

Поврзани новости