Додека актуелниот министер Цветков и аболицираниот министер Димовски молчат за скандалот со злоупотребите на парите од „јапонската помош“, ВМРО-ДПМНЕ потврди се, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Цветков е должен пред граѓаните, земјоделците, пред целата јавност, да одговори на клучните прашања за кои се уште нема одговор: Врз која основа се повлечени овие средства? Во чии џебови завршиле стотици илјади евра? На ваков криминален начин во контитнуитет се раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од страна на кадрите на Љубисав Иванов Ѕинго. За жал, на штета на вистинските земјоделци. Скандалот со злоупотреба на парите од проектот „Јапонска помош“ не завршува со повлекувањето на стотици илјади евра од фирмата „Фактор консалтинг – рече Николовски.
Тој посочи дека корисник на „Јапонска помош “е и „ЗЕМСИЛ“, фирма ќерка на Силекс, којашто има добиено земјоделска механизација.
– Преку министерството раководено од кадрите на Ѕинго им се доделуваат средства на фирмите на Ѕинго. Иако според овој преглед на должниците изработен токму од Комисијата на МЗШВ, изработен заклучно со 15.01.2016 година „Земсил“ ги нема подмирено обврските кон фондот сепак оваа фирма на Ѕинго редовно си добива десетици илјади евра субвенции кои се исплаќаат преку платежната агенција Земсил РИК Силекс Кратово во 2014 на име субвенции добива 2.764.597 денари или околу 45.000 евра, иако според прегедот на комисијата е се уште должник кон фондот. Од друга страна, на многу земјоделци во 2014 година им се укинаа субвенциите поради тоа што ја немаа подмирено обврската кон јапонската помош и добија такви решенија од платежната агенција. Има Решение кое е доказ како на земјоделците им се укинуваат субвенциите поради долг кон програмата за Јапонска помош. Овој доказ во целост го демантираат тврдењата дека наводно било овозможено компензација односно пребивање на долговите.Не. Ова е потврда дека вистинските земјоделци се оштетени за пари да добијат фирми на власта – истакна Николовски.