Амбасадорката Оер: Како да има избори кога нема услови

by Фокус

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер при престојот во Битола изјави дека политичката криза во државава ги загрижува сите и оти мора да се најде излезно решение.

– Политичката криза во Македонија нè загрижува сите, посебно мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи на Европската унија. Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5 јуни би имало избори кога условите сé уште не се усогласени помеѓу политичките партии, листите не се подготвени и навистина мора да се излезе од оваа криза – изјави Оер.

Амбасадорката престојуваше во Битола каде на француските гробишта се одбележуваше 8 Мај, денот кога во 1945 година заврши Втората светска војна.

Поврзани новости