Николовски: Ако добиеме двотретинско мнозинство во Парламентот, ќе го вратиме старото име

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени понуди две „решенија“ како да се санираат последниците од Договор од Преспа.

-Договорот е реалност и е факт. Но, никој не може да бара од ВМРО-ДПМНЕ да е дел од имплементацијата на тој Договор. Првиот начин да ги санираме последиците од СДСМ и Преспанскиот договор е да добиеме двотретинско мнозинство на изборите и да изгласаме промена на Уставот и  го вратиме името. Доклку не ни дадат толкава поддршка, тогаш треба да направиме брза серија на реформи и да пробаме брзо да станеме членка на ЕУ и тогаш на иста маса да седнеме со Грција, вели Николовски.

Поврзани новости