Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Не очекувам, но можно да изгубиме повеќе пратеници поради заканите што ги добиваат

by fokus
Јас не очекувам ВМРО-ДПМНЕ да изгуби повеќе пратеници, но оставам отворена можност поради заканите што ги добиваат, вели членот на Извршниот комитет на партијата, Игор Николов, според кого, иако пратениците негираат дека имаат притисоци, на тоа укажува целиот процес во Собранието на денот на гласањето за отворање на Уставот.

-Немаме докази за притисоци и закани кон нив, јас лично немам информација, но целата состојба и сето тоа што се случуваше наведува на чудно однесување во петокот кога седницата почна во 10 часот наутро и заврши во 10 вечерта. Тоа се индиции што наведуваат да донесеме одредена претпоставка, вели Николов во интервју за „Макфакс“.

Тој вели дека постои и отворена опција осумте пратеници кои гласаа за уставни промени да гласаат и за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Поврзани новости