Николоски: Во Брисел интензивно разговараме за предвремени парламентарни избори

by Фокус

Во рамки на посетата на Брисел на парламентарното собрание на Европската народна партија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се сретнал со претседателот на ЕНП, Жозеф Дол, кого, како што вели, го информирал за аферата „Рекет“ и за корупциските скандали.

-Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт. Исто така, разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив, македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел – вели Николоски.

Поврзани новости