Претседавачот на гевгелискиот совет поднесе оставка по опомена на антикорупционерите

by Фокус

Претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Ташко Дојчинов, до градоначалникот Сашо Поцков поднесе оставка на функцијата претседател и член на општинскиот Совет.

Ваквата одлука на Дојчинов следува откако Антикорупциската комисија му изрече јавна опомена поради тоа што истовремено бил и член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.

Оваа вест ја потврдија од Општина Гевгелија, од каде очекуваат на наредната седница советот да ја констатира оставката и да избере нов член од листата на СДСМ и коалицијата.

Поврзани новости