Муцунски: Случајот „Рекет“е режија на власта во правосудството

by Фокус

Ние во последните три години сме единствената земја во нашиот регион којашто има пад на животниот стандард, кој според ММФ изнесува 0,1 процентен поен, додека сите околни земји растат со минимум 1,5 процентен поен од 2017 година до 2019 година, рече кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првата ИЕ Тимчо Муцунски на Канал 5. Тој посочи дека се забележува пад од над 10 отсто на странските директни инвестиции.

-Затоа, планот на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на даноците, масовно зголемување на капиталните инвестиции, создавање на добра деловна клима и враќање на Македонија на сите листи кои странските инвеститори ги ценат, преку регулаторна гилотина и создавање на услови за инвестирање. Ќе понудиме вистински промени, ниски даночни стапки и развиена економија – порача Муцунски.

Според него, случајот Рекет е класичен пример за, како што вели, режијата која постои во правосудството од страна на власта.

Поврзани новости