524
Ние сме една од малкуте држави во Европа кадешто власта ја обвинува опозицијата поради ситуацијата со корона вирусот, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во „360 Степени“.
-Комисијата за заразни болести изгуби целосен кредибилитет, бараме оставка и да се формира експертска комисија – рече тој.
Николоски посочи дека министерот за внатрешни работи Наке Чулев се справува најдобро можно.
-Ако СДСМ очекуваше дека треба да тепа луѓе или да употребува водени топови на некои собири, тоа нема да го видат од ВМРО-ДПМНЕ, а претпоставувам ќе беа многу среќни да го направеше тоа, бидејќи тогаш ќе го обвинеа за прекумерно полициско насилство – изјави тој.