Царовска побара продолжување на вонредната состојба на одреден период

by Фокус
Со оглед на тоа што вонредната состојба значи поголема оперативност за дејствување на Владата и со оглед на последните податоци од тестирањата за коронавирусот, воредната состојба треба да се продолжи уште одреден период, оцени потпретседателката на СДСМ Мила Царовска во интервју на „360 степени“.
-Изборниот процес треба да продолжи веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Со оглед на тоа што операционализацијата на сите активности тече и дека Владата треба да биде многу оперативна во овој период, но и по последните податоци од тестирањата сметам дека ни е потребно вонредната состојба да биде продолжена уште одреден период, можеби не 30 дена, но одреден период за да ги разгледаме сите околности – рече Царовска.

Поврзани новости