Николоски: Пендаровски треба да ја продолжи вонредната состојба

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ порача дека претседателот Стево Пендаровски треба да ја продолжи вонредната состојба.

-Сите информации, секако, се кај претседателот на државата, не се кај нас, ние немаме пристап до сите информации, под него е Советот за национална безбедност, но врз основа на информациите кои ги има и јавноста, сметам дека треба да биде продолжена вонредната состојба затоа што ова што го гледаме, не само денес, туку и вчера и завчера се навистина алармантни бројки – рече Николоски.

Тој смета дека изборите треба да бидат тема кога, како што вели, ќе дозволат здравствениот и економскиот предизвик.

-Јас не би сакал да шпекулирам со датуми, нашиот предлог е добро познат на јавноста, беше споделен на лидерската средба и тој е крај на август, почеток на септември, истиот соодвестува и со одредени владини функционери, коишто, нели, кажуваа дека тогаш ќе можат граѓаните повеќе да трошат и ќе е надминат коронавирусот – истакна Николоски.

Поврзани новости