Ние во 2020-та година на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните, a сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски на Сител изјави дека не смее да се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор, а го потпишаа во 2001 година.
-Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто – истакна тој.
Според него, ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, треба го стават во Собрание на дневен ред.
-Ние сметаме дека договорот е лош, ние мислиме дека директно удира во темелите на македонската држава и затоа не прифаќаме – порача тој.