Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски, денеска во Радовиш најави забрана за можноста за увоз на тутун додека не се откупи домашниот.
-Нашето основно ветување за овој дел е удар врз зелената мафија која тука делува, а тоа подразбира дека на првата седница на идната Влада ќе се донесе закон со кој нема да смее килограм тутун да се увезе во Македонија додека не се откупи домашниот и додека не се откупи по фер и гарантирана цена – порача Николоски.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува пакет на законски решенија кои, како што рече, треба да помогнат во регулирањето на работата на превозниците.
-Стопанството ќе го стимулираме со ниски даноци, со бескаматни кредити како и со можност за вработување на млади луѓе до 29 години без никакви дополнителни давачки – истакна Николоски.