Николовски: Мицкоски му го чува столчето на Груевски

by Фокус

Оние кои беа функционери во времето на Никола Груевски, денеска се носители на изборните листи на Христијан Мицкоски, рече во Берово Љупчо Николовски, носител на пратеничката листа на СДСМ во третата изборна единица.

-Мицкоски го чува столчето за да се врати Никола Груевски доколку ја добијат шансата од граѓаните. Овој народ е мудар, знае да цени и да препознае што е нова вредност, знае да препознае чесност, искреност. И затоа ниту ќе се врати Никола Груевски, ниту ќе добие шанса Христијан Мицкоски – порача тој.

Николовски додаде дека се потребни реформи во ВМРО-ДПМНЕ, но и во ДУИ.

Поврзани новости