Јанушев најави зголемување на овластувањата на антикорупционерите

by Фокус

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев порача дека се потребни системски промени и реформи во правосудството.

-Една од главните мерки кои што ги планираме е реорганизација, односно напуштање на ова што го направија со начинот на изборот на судии и јавни обвинители, односно сите оние измени кои што ги предвидоа во Академијата за судии и јавни обвинители за што впрочем имавме негативно мислење во извештајот на ГРЕКО, или на кратко кажано успеаа да извршат партизација на работата и изборот во Академијата и последните денови повторно сме сведоци како оди целата таа постапка таму – рече Јанушев.

Тој најави и законско решение и меѓусебно делување на јавното обвинителството со Државната комисија за спречување на корупција, бидејќи, како што рече, во овој момент ДКСК ја утврдува фактичката состојба.

-Значи овде ќе направиме една реформа со која би се прошириле овластувањата на Антикорупциска и таа би делувала во корелација со јавното обвинителство се со цел за сите овие работи кои што се изнагледавме во изминатиот период конечно да се решаваат – посочи Јанушев.

Поврзани новости