Николоски до Филипче: Прашањата на граѓаните не се црна кампања

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и носител на изборната единица 4 денеска од Василево му порача противникот од од СДСМ, Венко Филипче дека тој не води црна кампања против него, туку дека граѓаните очекуваат одговор на пет прашања.

-Каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи кои што за жал живи изгоре при пожарот на модуларната болница во Тетово. Второто прашање каква е неговата улога во тендерот за стерилизација каде што стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија се приватизираше и случајно ја доби фирма од Албанија. Третото прашање е каква е неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија. Четвртото прашање е колку провизија зеде од фирмата за трговија со јужно овошје Стабри од Хонг Конг кој што требаше да донесе вакцини во Македонија, вакцини сами знаете дека не дојдоа и Македонија за жал вакцини имаше само од донации. И петтото прашање каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и каква е неговата улога во случајот Онкологија каде што лек не бил даван на болни од рак со цел да се полнат приватни џебови. Еве за почеток нека ги одговори овие 5 прашања па нема да имаме ниту црна, ниту бела кампања, праша Николоски.

Поврзани новости