Четири лица го киднапирале и со часови го држеле во куќа во Грчец за да врати наводен долг

by fokus

Четири лица синоќа грабнале жител на селото Шемшево го однеле во куќа во Грчев каде го нападнале и му зеле 500 евра.

-На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје. Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости