Николоски: Дали убава куќа во Скопје го натера Таравари да влезе во Владата?

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница за избор на нови членови на Владата од редовите на најновиот партнер – Алијанса за Албанците, оцени дека се работи за политичка проституција и политичка корупција. Притоа, тој праша дали се работи за уцена со цел влегување на Алијанса во Влада?

„Дали се работи за уцена и од кој вид? Дали се работи за уцена со цел влегување во Влада? Дали можеби природата на уцената е една убава куќа во еден елитен дел во Скопје, во населбата Тафталиџе која Арбен Таравари изминатиот период ја доби на поклон? Зошто велам на поклон? Затоа што во неговиот имотен лист пријавил дека куќа од 256 квадрати купил за 150 илјади евра.

Како во центарот на Скопје се купува куќа по 500 евра квадрат? Но и дали воопшто тие 150 илјади евра воопшто се платени, зашто според нашите сознанија нема трансакции и на тие 150 илјади евра. Дали една од цените за влез во Владата е убавата куќа во Тафталиџе која му е поклонета на господинот Арбен Таравари, исто така, од еден функционер во оваа Влада од ДУИ?“ – праша Николоски.

Поврзани новости