Николоски: Ако Бугарија отвора некои прашања, мораме и ние

by Фокус

Доколку се бара да Бугарите влезат во македонскиот Устав, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Како што се Македонците дел на пример од српскиот, хрватскиот Устав, зошто да не бидат дел и од бугарскиот Устав. Значи, кога нешто барате треба и да сте спремни исто да го понудите и од својата страна – рече Николоски во Трилинг.

Тој додаде дека во спорот со Бугарија мора да постои рамноправност, особено што, истакна тој, се работи за измислен и вештачки спор кој, според него, ние на ниеден начин не сме го предизвикале ниту како народ, ниту како држава.

-Ако принципиелно Бугарија отвора некои прашања мора и ние да отвориме прашања. На пример, нема во Македонија во моментов активни пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на непочитување на права на Бугарите во Македонија. Меѓутоа има преку 10 активни пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на непочитување на права на Македонците во Бугарија – нагласи Николоски.

Поврзани новости