632
Македонскиот репрезентативен голман во ракомет, Борко Ристовски и неговата сопруга Николина добија син. Малиот Душан се родил вчера, а среќната мајка ја сподели веста на социјалните мрежи.
-Јас сум најсреќната жена на светот! Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка, мое мало лавче. Не постојат зборови со кои можам да ги искажам своите чувства. Те сакаме драг тато Борко – напиша Николина, под фотографијата со синот.
Среќните родители лани за ,,Фокус’’ ја раскажаа својата љубовна приказна. Ги запознале заеднички пријатели, а уште при првата средба знаеле дека се родени еден за друг. Тогаш ни открија дека очекуваат принова, и веќе го дознале полот на бебето, а извесен период сакале да се остварат како родители.
В.К.