Три малолетни лица исчезнале од Центар за социјални работи

by Fokus

Три малолетни лица исчезнале од Центарот за социјални работи во Штип, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13.10 часот во Полициската станица Штип, вработен во Центарот за социјални работи Штип (кој бил назначен како старател на малолетни лица од згрижувачки семејства во Штип) пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот три малолетни лица на возраст од 12, 16 и 14 години, го напуштиле домот и заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани новости