Александар Тарабунов со промоција на спот

by Fokus

Поп пејачот Александар Тарабунов вечерва ќе го промовира спотот за песната ,,Луд сум по тебе’’. Настанот ќе се случува во ресторан Фор, во склоп на хотел Парк, со почеток од 20 часот.

-Спотот се снимаше во МОБ, под палката на Зоран Зонде Стојановски, додека комплетен автор на песната е Роберт Билбилов. Во текот на снимањето владееше опуштена и забавна атмосфера, работеа над 30 луѓе, и се помина во одлично расположение – ни изјави Тарабунов.

Инаку, песната за која ќе биде промовиран спотот, Тарабунов ја пушти во етер минатата година.

В.К.

Поврзани новости