457
Лобито на Сорос финансираше македонски невладини организации со сума којашто се доближува до 5 милиони годишно. Практично, истата сума којашто владата успеа да ја обезбеди со кампањите за поддршка на здравствените проекти и на проектите за стручно оспособување, вели Никола Попоски во интервју за „Ла Верита“, пренесува Телеграф.
– Кога падна владата во 2015 година, имаше многу странски притисоци од страна на играчите на меѓународната сцена, но и на странските разузнавачки служби. Не сметајќи ги притоа фондациите и лобијата, коишто сѐ уште притискаат врз македонското граѓанско општество. За фондацијата Отворено општество, предводена од Џорџ Сорос. Сорос се мешаше со години и продолжува да се меша. Преку своето лоби финансира голем број невладини организации, коишто се присутни на нашата територија – тврди Попоски во интервјуто.

Со соопштение излегоа и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека, СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица.
– СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив полукорисни роботи кои без приговори ги извршуваат задачите кои им се даваат. СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува – се наведува во партиското соопштение.