АМСМ: Блокиран патот Прилеп-Ресен од граѓани кои немаат струја

by Fokus

Магистралниот пат Прилеп – Ресен кај населбата Баир е блокиран од група граѓани бидејќи немаат електрична енергија, информираа од АМСМ.

Оттаму соопштија дека патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села и натаму не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат.

 

Поврзани новости