Никола Наумовски поставен за шеф на кабинетот на Шилегов

by fokus

Граѓанскиот активист, Никола Наумовски, е поставен за шеф на кабинетот на новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Наумовски му ја водеше изборната кампања на Шилегов со која освои околу 40.000 гласа повеќе од досегашниот градоначалник, Коце Трајановси.

Наумовски важи за добар познавач на градските проблеми. Со години партиципира во повеќе граѓански здруженија кои имаат за цел да ги подобрат состојбите во Скопје и да го вклучат поактивно граѓанството во управувањето со локалните политики.

Неговата работа во иднина ќе биде да се се грижи за агендата на градоначалникот, да води сметка за неговите активности и да му го организира времето на Шилегов. Шефовите на кабинети важат за десна рака на функционерите и за луѓе од нивна висока доверба.

 

 

Поврзани новости