Смртта кај родилката во Гевгелија настапила како резултат на задушување

by Fokus

Во велешкиот суд денеска има ново рочиште за анестезиологот  и двајцата  гинеколози  од гевгелиската болница кои се обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева во Гевгелија и нејзиното новороденче.

На денешното рочиште пред судот за прв пат се појавија вешти лица од Институтот за судска медицина. Според она што го кажа едно од вештите лица смртта кај родилката настапила насилно, како резултат на задушување, најверојатно од процесот на интубација, објави ТВ 24.

 

Поврзани новости