581
Кошаркарите на „Денвер Нагетс“ по голем пресврт го совладаа „Лос Анџелес Лејкерс“ со 113:111 и со тоа постигнаа историски успех и за првпат во историјата влегоа во финалето на НБА.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше најдобар играч на својот тим, а на овој меч имаше учинок од 30 поени, 14 скока и 13 асистенции.
Тоа беше и негов осми трипл-дабл, соборувајќи го рекордот на Вилт Чембрлен за најмногу трипл-дабл во еден плеј-оф.
Вилт Чембрлен во 1967 година во плејофот оствари седум трипл-дабл, додека српскиот кошаркар успеа да го собори тој рекорд.