Никола Груевски со рецептот за среќа на Сузана Гавазова

by fokus

За разлика од Амди Бајрам, кој на митингот на коалицијата ,,За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ во Охрид се појави во скапоцена бунда од астраган, крзно добиено од фетуси на јагниња, Никола Груевски му останува верен на класичниот стил. Вчера на митинзите во Неготино и Кавадарци, тој носеше капут во сивкасто – сина боја, најверојатно оној истиот во кој се појавуваше и на митинзите за Локалните избори во 2013 година. Капутот со едноредно закопчување, кој модните експерти го препорачуваат на мажи со понизок раст, бидејќи визулено ги издолжува, Груевски најчесто го комбинира со шал и со панталони во посветла нијанса.
thumbnail_dsc02218

Тесните крагни на капутот, кои се препорачуваат за мажи со пошироки рамена, ги вклопил во целокупниот изглед, и успеал да добие елегантен изглед. Најверојатно и на Груевски, како и на печајката Сузана Гавазова, капутот му е омилен и можеби среќен, па со него се надева на победа, исто како и во 2013 година.
thumbnail_nikola-kavadarci2
Покрај класичниот капут, Груевски често се појавува и во спортски јакни, со едноставен крој, во елегантни костуми, но и спортски кожни јакни, далеку поскромни од фамозната бунда на неговиот сопартиец Амди.Пред неколку години, на десетици јавни настани едно по друго, се појавуваше во карирани кошули во различни бои, па во јавноста почнаа да ги нарекуваат ,,кошулите на Никола“. Исто така, пред десеттина години, на социјалните мрежи се појави група која што беше наречена ,,кошулите на Гоце Арнаудов“, инспирирана од уникатните кошули на фолк ѕвездата.
thumbnail_dsc02212

Кога пред десеттина години, тогаш мега популарната фолк пејачка Сузана Гавазова, се појави на неколку настапи во ист жолт фустан, нејзините фанови веднаш почнаа со коментари и претпоставки зошто една ѕвезда како неа, би се појавувала во иста гардероба. Коментарите одеа до таму, што се велеше дека најверојатно слабо заработува и не може секогаш да пее во нови фустани, и да троши пари за гардероба.

15239166_10210986224675307_1870469385_n

Тогаш, за да ја дознаеме мистеријата на жолтиот фустан, ја контактиравме пејачката од селото Сушица, која што ни кажа дека фустанот го добила на подарок и и бил како еден вид амајлија. И носел среќа, па затоа често го облекувала и воопшто не се секирала за негативните коментари, и очекувањата на народот, секогаш да биде облечена по последен моден крик.

Вики Клинчарова

Поврзани новости