474
Сведечењето на премиерот Никола Груевски пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето се уште трае и не се знае кога ќе заврши. Досега, половина од членовите на Комисијата му поставиле прашање на премиерот, кој е прв повикан сведок.
Според извори од внатре, Груевски одговарал површно на прашањата, а атмосферата била коректна без упаѓање во збор. Исто така, премиерот досега не изнел никакви класифицирани информации, кои беа едни од аргументите поради кои ВМРО-ДПМНЕ бараше седниците на кои ќе има сведочења да не бидат отворени за јавноста.
Пред да влезе да сведочи, Груевски побара новинарите да ја напуштат седницата и таа да не биде пренесувана во јавност, бидејќи сакал да на прашањата да одговора во „мирна атмосфера“.