Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ во едно од неговите преизборни излагања вети дека ќе отвори нови 3 милиони работни места ако ја добие довербата од граѓаните во Македонија.
„Како што неветив, така и направив – Македонија во изминативе 10 години извезуваше работна сила за многу држави во светот, вклучувајќи ја и Америка. Од Македонија преку нашите политики умешно и успешно распространивме 500 000 работници ширум светот, мерка што ја поздрави ја голем број држави, заблагодарувајќи ни се за евтината, но стручна работна сила што ја извезува Македонија,“ истакна гордо Никола Груевски.
По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, во сила ќе стапат неговите први предизборни ветувања меѓу кои е и бркањето на 3 милиони емигранти надвор од САД.
„Оваа мерка на Трамп е од особена важност за Македонија, бидејќи со нашиот интензитет на работа и отварање на нови работни места, по 600 на ден, до вкупно 3 милиони работни места, навистина ќе може да донесеме сите тие граѓани кои ќе заминат од Америка, барајќи подобра иднина за себе, да ја најдат во Македонија“, додаде Никола Груевски.
Ова е уште една потврда дека Македонија е голем пријател на САД и секогаш гледа како преку креирање на заедничка политика да бидат задоволени двете страни, големата Америка и не така малата Македонија. Па останува да се надеваме на следното, дека после 11ти декември нема да ја направиме Македонија пуста again!
Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.